Драган Б. Костиќ
На почетокот-застрашен од крајот, одам напред но ме плаши целта, ако викнам ке го срушам сјајот, ако молчам-самиот ке бидам мета
Драган,Чолиќ
Еден од најдрагите и мои најдобри естрадни пријатели - Здравко Чолиќ. Најголемата естрадна ѕвеезда на некогашна Југославија не е за среќа и некогашен пријател. Ми беше тоа кога ја полнеше Маракана, но и кога го наполни градскиот стадион во Скопје во самостојна Македонија. Секогаш кога е во Скопје, (професионално кога го гледаат и другите, и приватно кога е тука само заради пријателите) минуваме извонредно време.Семеен пријател, сликан по скопскиот концерт пред MCM, на негово барање а во аранжман на Горан Бреговиќ (кој ги местеше човечките експонати) а средбата ја овековечи - Рака Мариќ.
Драган,Брега
Среќен сум што ја делев истата сцена со него. Со еден од најголемите умови на балканската популарна музика - Горан Бреговиќ. Ја водев промоцијата на последниот албум на Бијело дугме во МНТ. Наоколу луѓе, еден преку друг...
Драган,Џумерко
Професијата водител ме водеше до различни луѓе. Со најголем дел од нив сум пријател и денес. Со оние другите, ретките, професијата ме седнала зад иста маса. Седењето со Џумерко како учесници на најгледаните три емисии од серијалот Вечер со ѕвездите на битолската телевизија Тера беше вистинско задоволство. Како и при секоја средба.
Драган,Бајага
Со Бајага во клубот Вега 2004. Луѓе колку тој и двајцата негови придружници ( Бранимир Локнер и Жика Миленковиќ ) испиа. толку многу што морав речиси со сила да го тргнам во службените простории на клубот бидејки љубеше се од ред. Колку испиле? Побарајте во рубриката Тривија, постои документ на испиеното...Во какво расположение бил зборува сликава. Ми отпеа целосен репертоар од турбо фолк естрадата!
Драган,Дадо
Со Дадо Топиќ. Бев првиот кој успеа да ги собере оргиналните Тајм за настап во клубот Вега, а потоа свиреа повеќе пати низ поранешна Југославија. Вистинска легенда, се однесува како најобичен човек. Го однесов со Бени на ќебапчиња кај Дестан. Доаѓаше уште неколку пати потоа во Македонија. Имаше заеднички настапи на Маврово со Жаклина Стефковска. Неодамна се слушнавме...
Драган,Корни
Тој пониско сум јас. Повисоко - Корнелие Ковач. Место на седенката - Универзална сала. Време: 1974, време на најголемата популарност на групата.Надвор три пати повеќе луѓе одошто собира Универзалната сала.
Диско Селектор, радио емисија
Како најстара од таков вид радио емисија на Балканот на 26-ти јуни 2008 ќе наполни 35 години. Заборави ако можеш, на 29 февруари 2008 одброи 3000 изданија.
Така беше, музичка енциклопедија
Последните години од деведесетите работи на подготовка на големата дванаесет томна музичка енциклопедија ТАКА БЕШЕ, и серијалот ЗАБОРАВИ АКО МОЖЕШ, прва книга со наслов ХИТ 1980.
Дискотеки
Дванаесет години /1978/1990/ Драган Б. Костиќ е диск џокеј и менаџер на култното скопско место за забава диско клубот Турист, а 1991/1992 е менаџер на клубот Евергрин /23/.
Дискотека турист
Ова е почеток и веројатно крајна професионална дестинација,бидејки повеќе е од сигурно дека нема да станам политичар.Уште помалку административец. А очекуваа од мене да станам...машински инженер....Како и многу мои колеги и соученици веројатно ќе талкав без работа...или...ќе станев политичар!
Драган,Влатко,Горан
Професијата ми овозможи средби и другарување со најпознатите македонски, некогашни југословенски и светски ѕвезди.Но повеќе ги сакав ѕвездите од “нашите” некогашни простори. Додуша на оваа фотографија повеќе изгледаме како бездомници кои дошле да се згреат во некоја сала одошто...Влатко (Стефановски) и Горан (Бреговиќ) внимателно слушаат како да им ги соопштувам бројките на лото...
Драган,Дугме,СРЦ
Oваа слика е логична разврска на мојата Love story, со малиот Бане како резултат. Има три години на оваа слика (1984), во скут го држи Горан Бреговиќ, до нас се останатите од Дугме (покојниот Лаза Ристовски, Реџиќ, Правдиќ, а покојниот Ипе Ивандиќ е во другиот дел на просторијата, гардероба во СРЦ Кале), непосредно пред концертот на Бијело Дугме кој доцни речиси 45 минути а повеќе од десет илјадната натуткана публика веќе збеснува . Причина за доцнењето: го нема никаде пеачот Тифа.Три секунди по оваа фотографија влегува Тифа со Џаро, Бреговиќ лут како рис скокнува и физички, го казнува непослушниот.Сведоци на пресметката бевме само ние двајца. Утредента - Бане (кој викаше “Јас слушам Ладио Улнебес”) на слу-шателите им раскажуваше тоа што го видел, ама кој му верувал дека “Беговиќ го тепаше Тифа и со јаце и со нозе”....
Драган,Бон тон
Влегував во многу скопски “дупки” сакајки да ги чујам и оние од кои и најблиските ги затвораа ушите. Во многу такви “дупки” ме молеа да влезам, да чујам, да помогнам со совет, авторитет, врски...Во оваа “дупка” тие влегоа дека му беа другари на мојот шура Зоки, а јас затоа што тие сакаа да се сликаат со мене. Се викаа Бон Тон. Ах...да! Јас сум во средината а оној од десно е Дарио! Само што тој заборавил дека јас помнам не кога бил пиштол, туку кога бил руда! Славата е чудна болка. Ги менува луѓето! До...наредна прилика! Среќа што големината не е во висината!










